Протести и во Албанија- опозицијата се дигна против владата

Денеска во 14 часот обединетата албанска опозиција, предводена од демократите на Љуљзим Баша ги започна најавените протести против актуелната Влада на премиерот Еди Рама.

Протестниот марш започна од центарот на Тирана, од местото каде што е урнат споменикот на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, на денешен ден 1991 година.

Лидерот на демократите и актуелен градоначалник на Тирана, Баша ги повика сите Албанци да излезат на протестите за го запрат растот на корупцијата и зголемувањето на даноците, криминалот, отпуштањето од работа на голем број административни работници и да побарат оставка на „оваа Влада, која ги изневери граѓаните и земјата ја турка во бездна“.

Протестниот марш ќе продолжи по булеварот „Народни хеори“, а пред Владата ќе има обраќање демократскиот лидер Баша.

20.02.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега