"Дајте ни пари и ќе работите во МВР" - кумановчани останаа и без работа и без пари

Двајца итри кумановчани си се збогатиле мамејќи сограѓани дека ќе ги вработат.

Се работи за 54-годишниот Ж.И. и 42-годишниот В.И. од Куманово кои на двајца сограѓани им ветиле дека ќе им средат да добијат работа во Министерството за внатрешни работи, за што им зеле 100 евра.

Откако сфатиле дека останале и без работа и без пари, кумановчаните го пријавиле случајот во полиција.

20.02.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега