Секс наутро или навечер? Сите предности и недостатоци

Утринскиот секс наспроти вечерниот секс, позитивните и негативните страни, за што вие ќе се одлучите?

Сексот рано наутро го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за половина, а ја подобрува и циркулацијата. Тој нè ослободува од мигрената, ги намалува болките и воспаленијата кај артритисот, а исто така е и одлична превенција од шеќерна болест.

Позитивните страни на утринскиот секс се тоа што тој го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодностаа исто така го разбудува и подобрува дотокот на крв во сите делови на телото со што ја зголемува и концентрацијата.

Со сексот се ослободува хормонот на љубота – окситоцин, поради кој во текот на целиот ден се чувствуваме среќно

Го подобрува имунитетот така што го зголемува количеството на ИгА задолжени за борба против инфекции и воспаленија

Количеството на тестостерон кај мажите наутро е најголемо, што значи дека тој секогаш ќе биде расположен за жешка игра, а ќе има и доволно енергија за да се труди уште повеќе

Негативните страни на утринскиот секс

За луѓето кои не се утрински типови сексот после будењето ниту малку не им звучи примамливо затоа што се уморни и нерасположени. Ним им е потребно време да се разбудат и чувствуваат привлечно.

Утринскиот здив не е најдобриот пријател

Предиграта обично кратко трае поради недостиг од време и брзањето на работа.

Додека пак тоа не ваши за вечерниот секс, кој освен што помага за опуштање од напнатоста, согорува од 75 до 150 калории во само половина час.

Позитивните страни од вечерниот секс

Тој е одлична активност за опуштање после напорниот работен ден каде нема брзање, па акцијата може да потрае долго во ноќта.

Негативните страни на вечерниот секс

Најголемиот недостаток на вечерниот секс често е претераниот умор или стрес

Поради сексот навечер срцето побрзо работи што значи дека телото потешко се смирува и може да настанат проблеми со спиењето.

20.02.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега