ФОТО: Искасапено тело на Македонец во Германија и спакувано во куфери

 

 

Германската полиција го пронајде мртвото тело на 46 годишниот Зекири Хамза, Албанец од Македонија. Искасапеното тело било пронајдено во близина на аеродромот во Хамбург. Тоа било исечено на делови и ставено во куфери.

Зекири Хамза живеел во градот Билстед но редовно доаѓал во Хамбург.

Хамза бил убиен со удари во глава, откриле Форензичарите.

Според германската полиција, лешот во куферите стоел од октомрви 2013 година, а бил пронајден пред една недела.

19.02.2014 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега