Си го фрлила бебето во контејнер - женава патела од постпородилна депресија

Телото на бебето за кое се сомневаат дека и припаѓа на триесет и девет годишната А.М. која го породила во 8 недела од бременоста, полицијата го бара во отпадот Јакушевец. Во потрагата помагаат и припадници на ГСС со специјални кучиња трагачи, а донесен е и багер со цел потрагата побрзо да напредува. 

Мајката со цел да ја прикрие бременоста носела долга и широка бела маица, па дури и нејзините колешки каде што работела не успеале да забележат дека очекува бебе. 

Смртта на бебето таа самата го пријавила во полиција на 17 февруари, откако го посетила нејзиниот гинеколог кој редовно ја прател нејзината бременост. Тој успеал да ја наговори случајот да го пријави во полиција. 

Таа наводно откако се породила го замотала бебето во постелнина, а потоа го фрлила во контејнер за ѓубре.

Жителите од Дугог селото, каде што живеела А.М. велат дека во младоста таа имала проблеми со дебелината и постојано и зборувале дека изгледа убаво со цел да не ја навредат. Сите за нејзе зборувале само добри работи. Сите биле зачудени како при пораѓањето таа не успеале да испушти ниту глас. Била тивка цело време и затоа не ја приметил никој. Оние со кои што се сретнала викендот, велат дека им пренела дека не се чувствува добро и дека ја фатило грозница. Подоцна сватиле дека тоа било последица на исцрпеност. Жената во средата било откриено дека ја посетила Психијатриската болница во Загреб. Од таму претпоставуват дека станува збор за постпородилна депресија. 

 

 

19.02.2014 - 19:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега