Берлускони и официјално разведен- бившата сопруга ќе добива по 1,4 милиони месечно

 

По 22 години заеднички живот, три деца и четири години одвоен животПоранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата поранешна сопруга, официјално се разведоа по одлуката на судот во Монца.

 

Берлускони и Вероника Ларио и официјално се разведени но судот треба да донесе одлука за поделбата на финансиските средства.

Со одлуката на судот на Вероника и беа доделени три милиони евра месечно, но по жалбата на Берлускони, тој износ беше намален на 1,4 милиони евра.

 

Таа се жалеше на таа одлука, а конечната пресуда се уште не е донесена.

Вероника побара развод од Берлускони во мај 2009 година, објаснувајќи дека не сака да остане со човек кој има сексуални односи со малолетнички.

19.02.2014 - 16:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега