Венизелос: ЕУ е подготвена да и даде целосна поддршка на БиХ за зачувување на нејзината стабилност

Европската Унија е подготвена да и даде целосна поддршка на БиХ за зачувување на нејзината стабилност и територијалниот интегритет, како и во спроведување на реформите порача денеска шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, по разговорите со државниот врв на БиХ во рамки на неговата балканска турнеја.

Венизелос, кој во следните шест месеци претседава со Советот на министри на ЕУ, оствари средба со босанскиот колега Златко Лагумџија, со членовите на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и Небојша Радмановиќ, а како замена за Жељко Комшиќ бил советникот за надворешна политика Давор Вулетиќ. 

За време на разговорите Венизелос истакна дека Грција на БиХ и е историски пријателска земја, која е секогаш подготвена да помогне во потребните иницијативи на нејзиниот евроинтеграциски пат.

Со своите соговорници Венизелос се согласил дека економските односи меѓу двете земји би можеле да бидат значително подобри, силно поддржувајќи ја БиХ да биде дел од трасата на Транс-јадранскиот гасовод, кој се протега од турската граница преку Грција до Италија.

19.02.2014 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега