Украинското МВР тврди дека полицијата не пукала врз демонстрантите

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека силите на редот на Украина не користат огнено оружје, за да ги стават под контрола нередите во Киев.

“За време на обезбедувањето на јавниот ред и локализирањето на масовните нереди во центарот на Киев припадниците на полицијата и силите на редот при Министерството не користат огнено оружје”, стои во соопштението.

Во него се додава дека ако се земе предвид природата на повредите на загинатите цивили и карактеристиките на оружјето, кое било запленето, може да се претпостави дека телесните повреди биле причинети од особено агресивни демонстранти.

Одговорноста за опожарувањето на Домот на синдикатите во Киев е на активисти од движењето „Десен сектор и според Министерството, палењето, извршено од злонамерни лица, имало за цел да ги прикрие трагите од незаконска дејност и присуството во зградата на оружје и експлозивни средства. 

19.02.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа