Гори Националната музичка академија во Киев
Голем пожар избувна денеска во Националната музичка академија „П.И. Чајковски“ на плоштадот „Независност“ во Киев јавуваат тамошните медиуми.
Пожарот е предизвикан од искри, од огнот во камповите запален од демонстрантите на плоштадот како како заштита од органите на редот.
Синдикалната зграда гори веќе неколку часа а досега се евакуирани 41 лице.
Пожар беснее и во трговскиот центар „Глобус“, исто така, на плоштадот „Независност“.
19.02.2014 - 09:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа