Неготинчанец ќе загинеше поради пукната гума - страшна сообраќајка на патот Гостивар - Тетово

44 годишен неготинчанец заработил тешки повреди во сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 20:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа „Нептун“.

- С.А.(44) од Неготино се здобил со повреди на главата и телото, а неговото патничко возило „Дачија логан“ со прилепски регистарски таблички целосно изгорело по сообраќајната несреќа што вчера околу 20 часот и 30 минути се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа Нептун, вели портпаролот тетовската полиција, Марјан Јосифовски, пренесува ИА.

Според информациите од тетовската полиција, најпрво пукнала една автомобилска гума па возачот загубил контрола врз возилото кое излетало од патот, се превртело, запалило и многу брзо целосно изгорело. Неготинчанецот успеал да се извлече од возилото и со повреди на главата и телото бил префрлен во тетовската клиничка болница. С.А е во стабилна здравствена состојба.

- По овластување на јавниот обвинител екипа на СВР Тетово извршила увид на местото од несреќата и според првичните информации пожарот во автомобилот го предизвикал монтиран плински уред што при превртувањето експлодирал, истакна Јосифовски.

19.02.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа