Јуцењук побара од Јанукович до утре да прогласи примирје
Арсениј Јацењук, pретседателот на опозициската парламентарна група на партијата Татковина, побара од украинскиот претседател Виктор Јанукович да прогласи примирје до утре.
Јацењук го упати барањето до Јанукович од киевскиот плоштад Независност, каде украинската полиција се обидува да ги растера илјадниците демонстранти.
Во меѓувреме, најбогатиот Украинец, бизнисменот Ринат Ахметов изјави дека никакви околности не можат да ја оправдаат употребата на сила врз мирното население и побара да прекине крвопролевањето на улиците во Киев, да се обнови преговарачкиот процес и да се изнајде решение за излез од политичката криза во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа