Кличко ги замоли жените и децата да го напуштат плоштадот во Киев
Како што пренесуваат француските медиуми Украинскиот опозициски лидер Виталиј Кличко денеска ги повика жените и децата да го напуштат плоштадот Мајдан, во центарот на Киев.
“Ги молам жените и децата да го напуштат Мајдан. Не можеме да исклучиме напади на силите на редот”, изјави тој пред демонстрантите кои беа собрани во центарот на Киев.
„Го повикуваме претседателот и силите на безбедност да го прекинат насилството и конфронтацијата“, додаде лидерот на опозициската партија „УДАР“, цитиран од британските медиуми.
Еден полицаец денеска е убиен во Киев во судирите со активистите на опозицијата, соопшти украинското МВР.
Според првичните податоци, полицаецот бил прострелан во вратот и починал на пат за болница, се посочува во соопштението на министерството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа