Лазаров: Жерновски да ги повлече фалсификуваните документи и да се извини

     

  Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров, денеска реагираше на изјавите на Андреј Жерновски за наводните организирани протести од јуни 2013 година и прикажаниот наводен документ – записник од 26-та седница на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

- Истакнувам дека се работи за јасна конструкција и обид за фалсификување на документација од страна на градоначалникот Жерновски со цел да се добие покритие за неговите незаконски дејствија откако стапи на функцијата Градоначалник на Општина Центар. Ова е груб и крајно вулгарен обид од страна на Андреј Жерновски преку фалсификување и импутирање на непостоечка документација да најде алиби за својата незаконска и криминална работа во општината, вели Лазаров.

           Како претседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ го повикувам Андреј Жерновски во најкус можен рок да ги повлече тенденциозно импутираните и фалсификувани документи кои на денешната седница на Советот на општина ги претстави и јавно да се извини како на мене така и на граѓаните на општина Центар.

           Доколку тоа не го стори ќе бидам приморам своите права да ги заштитам со преземање на законски расположливите правни средства.

18.02.2014 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега