ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стои зад денешните протести на стечајците

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение наведува дека СДСМ директно стои зад денешните протести на т.н. стечајци.

- СДСМ повторно сака да предизвика дестабилизација на државата, овојпат преку група граѓани кои себеси се нарекуваат стечајци. Повеќе од јасно е дека СДСМ е таа што ги организира денешните протести, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според ВМРО-ДПМНЕ очигледно дека СДСМ преку општините во кои владее, Струмица и Куманово, ги користи своите партиски активисти за протести носејќи ги со автобуси во Скопје, што можеше да се види и од фотографиите кои се појавија во медиумите. Јасно е, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ,  дека општините Струмица и Куманово се злоупотребуваат како логистички и финансиски центри за организирање на вакви сценарија. Ги предупредија СДСМ дека повторно си играат со трпението и нервите на народот и дека  си играат многу опасна игра. - Како и минатата година, така и оваа година, СДСМ не престануваат да играат опасни игри и да смилслуваат начини за дестабилизација, кои не можат да донесат ништо добро за Република Македонија, стои во соопштението.

- Ова сценарио со протести и пробивање на полициски кордони е веќе видено од страна на СДСМ. Ова сценарио нема да им помогне ништо, наведуваат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

18.02.2014 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа