Италијанските власти уапсија членови на мафијашка група кои краделе субвенции на ЕУ

Шестнаесет членови на сицилијанската мафија обвинети за кражба на милиони евра европски субвенции, наменети за земјоделството беа уапсени денеска од страна на Италијанските власти.

Осомничените се обвинети за членување во криминална организација, измама и незаконско поседување на огнено оружје и друг криминал, се уапсени во Катанија, Сиракуза, Милано и Торино.

Операцијата била извршена во соработка со Федералната криминална служба на Германија. 

Членовите на мафијата кои се поврзани со мафијашкиот клан Капело-Каратеди од Катанија, ги принудувале лицата, кои добивале земјоделски субвенции од ЕУ да им ги даваат парите и на тој начин собрале над 1,5 милијарди евра меѓу 2005 и 2013 година, изјавија претставници од обвинителството за борба против мафијата во Катанија. 

Според истрагата криминалната група била предводена од 46-годишната Агата Балсамо, сопруга на мафијашкиот бос Орацио Привитера, кој отслужува доживотна казна затвор за убиство.

18.02.2014 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега