Откријте ја тајната на цврстиот задник!

Ако многу често седите на задникот очекувајте дека тој ќе се зголеми или спуштил многу брзо. Па ако сакате да го имате оној задник кој го посакувате следете ги строго следните совети.   

Возете велосипед   

Освен што возењето велосипед е забавно, истото е и идеален начин за обликување на телото. Велосипедот исто како и пливањето ги штеди зглобовите, а гарантирано обезбедува затегнат задник. Започнете со интервален тернинг: возете пет минути интензивни, па потоа пет минути опуштено. Потоа секој ден продолжувајте го интензивното возење за една минута, а опуштеното нека остане со исто времетраење.

Морска сол     

Тајната на убавата позадина лежи во морската сол. Истата можете да ја набавите насекаде, а и ефтина е. Пред спиење можете да си подготвите купка или пак да направите пилинг: една чаша морска сол измешајте со топла вода и  малку од Вашиот лосион за тело. Со круќни движења измасирајте го задникот, а потоа исплакнете со млака вода.

Прочистувајте го организмот    

Брзите диети само го поттикнуваат таканаречениот јо-јо ефект, брзо изгубените килограми, уште побрзо се враќаат, а ткивото брзо се опушта. Внесете промени во својата исхрана и почесто применувајте го методот на прочистување: еден ден јадете само ориз со зеленчук и овошје.   

Најдобрата вежба за задникот    

Потпрете се на лактите раширени во линија на рамената и на колената. Напнете ги мускулите. Едната нога свиткајте ја во коленото и кревајте ја нагоре, а потоа спуштајте. Повторете ја постапката 15 пати.

 

Обликот на задникот е генетски определен, но истиот може да се обликува и менува. Запомнете дека со вежбање, нега и здрава исхрана секој задник може да стане цврст и добро обликуван.

18.02.2014 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега