Уапсен човекот осомничен за убиството на Алпите
Франциската полиција успеа да го уапси осомничениот за убиството кое беше извршено во август во 2012 година Алпите.
Четириесет и осумгодишниот маж бил уапсен од француската полиција која го истражува убиството на британското семејство Ал Хили, од пред една година и половина, во реонот на Алпите.
Според британските медиуми, уапсениот е од француските Високи Савои и е задржан во притвор. Тој е откриен и уапсен затоа што е забележан како со својот мотоцикл возел во реонот каде беше извршено убиството.
Во професионалното убиство, во август 2012 година, беа убиени Саад ал Хили, Британец од ирачко потекло, неговата сопруга и нејзината мајка. Нивните две ќерки успеаја да го преживеат нападот, откако помалото девојче беше најдено под мртвите тела на своите родители, а поголемата ќерка беше тешко ранета но успеа да закрепне од повредите.
Во близината на автомобилот, во кој беа најдени мртвите тела на семејството Ал Хили, беше откриен и трупот на еден Французин, кој со својот велосипед минувал по планинскиот пат, во моментите кога било извршено бруталното убиство.
Преку 100 француски и британски полицајци се вклучени во истрагата за убиството, за кое досега се испрашани повеќе од 800 луѓе.
Претставник на британската полиција изјави денеска дека апсењето во Франција не е поврзано со британскиот дел од истрагата, што за убиството ја води полицијата од англиската област Сари, каде живееше семејството Ал Хили.
Засега не се открива идентитетот на осомничениот .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа