Протестите во Киев ескалираат- три лица загинаа

Протестите во Украина не стивнуваат. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во  украинската престолнина Киев денеска погинаа најмалку тројца опозициски демонстранти, а околу 150 се повредени, од кои неколкумина потешко.

Повеќето луѓе се повредени од шок-бомби, а 30 се потешко повредени и се здобиле со повреди на главата додека пак на едно лице му е ампутирана раката изјавија докторите кои во полската болница ги згрижуваат повредените опозиционери.

Пред украинскиот Парламент во Киев утринава дојде до судир меѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кои се обидоа да дојдат до зградата на Парламентот за да  го засилат притисокот врз претседателот Виктор Јанукович, но беа попречени од полицијата која постави колона полициски камиони.

Демонстрантите врз полицајците фрлаа камења и камени плочки од плочникот, запалија три полициски камиони, а полицијата одговори со испукување гумени куршуми и чадни бомби, пренесоа светските агенции.

18.02.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа