Што се можете да купите со едно евро ?
И покрај тоа што едно евро е сума со која неможете многу да направите, сепак во различни земји тоа има и различна вредност.
Така на пример на Филипини можеш да добиеш половина час масажа на нозете, порција пржени риби, машка фризура, 28 Малборо цигари, кафе во супермаркет, два часа пристап на интернет, 4 крофни, 2 километри патување со такси, 4 литри вода или многу, многу ориз.
Во Турција можете со едно евро да купите а втобуски билет, Coca-Cola, сендвич, чаша чај, 2 или 3 весници, еден килограм портокали или јаболка, половина килограм банани, 2 шишиња вода (0,5 литри), два леба.
И додека во Италија можете да купите шише поевтино вино, 1 килограм шпагети, шест шишиња минерална вода или 1 паковање Аналгин, во Австрија може да купите само едно од пециво, а во Дубровник топче сладолед.
Во Унгарија може да купите порција сладолед, 4 мали јаболка, еден хамбургер, еден весник или половина час паркинг во стариот град, а во Данска едењн литар млеко.
На Канарските острови со едно евро ќе пиеете кафе и тоа во најефтините кафулиња, но затоа пак во Виетнам за оваа сума може да изнајмите велосипед за еден ден, 2 кафиња со млеко, порција од виетнамската супа Pho, 40 јајца, традиционална виетнамска капа, два весници, едно DVD CD, 7 литри вода, два билети за храмот на литературата во Ханој, две чаши пиво, 1.25 литри бензин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа