Спасено 4-годишно детенце кое бегало од војната во Сирија

 

Членови на тим на УНХЦР пронашле четиригодишно дете бегалец од војната во Сирија како само пешачело среде пустина.

За детенцето по име Марвин е познато дека некако се одвоило од мајка си додека семејството бегало од Сирија, а било забележано од страна на членови на тим на УНХЦР како оди само низ пустина со само една пластична кеса во рацета.

Марвин е само едно од милион деца кои мораа да ја напуштат Сирија за да побегнат од ужасите на војната. Досега од Сирија побегнаа повеќе од два милиона луѓе, додаваат од ОН. 

18.02.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега