Легендарниот Раде Шербеџија ќе глуми во светски позната серија

 

Легендарниот актер Раде Шербеџија ќе глуми во петтата сезона на светски популарната серија „Downton Abbey“.

 Раде Шербеџија овојпат ќе ја игра улогата на Курагин, руски бегалец од Првата светска војна, а заедно со него ќе се појават и Ричард Грант и Ана Ченселор.

Првата епизода од четвртата сезона на „Downton Abbey“ во Велика Британија ја гледаа рекордни 12 милиони обожаватели.

Оваа есен ќе го видиме Раде Шербеџија на големото платно.

18.02.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа