Седници на две собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на комисијата за одбрана и безбедност се предлог-одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ.
Предлог одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2014 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година, Предлог-одлуките за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година и за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година, како и за користење на средствата од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2013 година, се на дневниот ред на комисијата за транспорт, врски и екологија.
На првото продолжение на 80-та седница, комисијата, како што е најавено, ќе расправа и по Годишниот финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа