За влакно избегната авионска несреќа над Македонија

 

Само 800 метри ги делеле двата авиони од директен судир на потегот меѓу Прилеп и Кичево, јавува Алфа. Според инофмрациите на телевизијта, на 7 мај, авионите на Изиџет и Шамрок Ерлајнс избегнале судир благодарение на уредите внатре во леталата кои сигнализираат кога се приближува авион. Како што пишува Алфа, на барање на двете компании отворена е истрага која треба да утврди, каде бил пропустот што контролата на летање не ги предупредила навреме. 

Информацијата на Алфа ја потврдиле и од Агенцијата за цивилно воздухопловство од каде само кусо одговориле дека се работи на утврдување на причините, по што ќе се преземат натамошни активности. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде исто така во тек била интерна истрага околу инцидентот. 

 

 

најчитано сега