ВМРО-ДПМНЕ: СДС признаа дека прислушувале, но ги штитат нарачателите и извршителите

 


Откако СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, наместо да се извинат продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на незаконското следење на претседателот Мицкоски, на новинари и бизнисмени, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Виктор Димовски, Еролд Муслиу и  Љупчо Коцевски наместо да бидат повикани на одговорност, СДС и понатаму се труди со сите сили да ги заштити.

СДС продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДС продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта.

ЈО да не ги штити структурите на СДС и ДУИ и да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, а не да ги прикрива и молчи и покрај сите докази како и да почне да делува по допрен глас.

ЈО наместо да молчи и соработува со СДС и ДУИ да се произнесе за случајот во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, на криминалот и корупцијата.

Доколку ЈО и Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, треба да знаат дека тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

10.09.2025 - 09:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега