Груевски пред странските инвеститори: Да се интензивира соработката меѓу македонските и странските компании
Премиерот Никола Груевски денеска беше дел од бизнис-средбата на странски инвеститори со домашни компании „Бизнис поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“.
Премиерот денеска пред бизнис-заедницата порача домашните компании да ја интензивираат соработката со странските вложувачи, бидејќи како што рече, бенефитот ќе биде двостран и огромен, ќе има помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање...
- Следствено на нашите политики за интензивно подобрување на бизнис условите почна да расте бројот на странски директни инвестиции и компании, но степенот на нивната деловна соработка со македонските е незадоволителен и постои простор за унапредување, истакна Груевски пред присутните.
Шефот на македонската Влада потенцираше дека првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите и понудите на домашните. -Македонија ќе биде домаќин и поддржувач на ваквиот процес. Остануваме доследни на заложбите за отвореност кон бизнис заедницата. Нашата мисија останува иста – водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува тука, потенцира Груевски и додаде дека да се работи во земјава, денес значи голема придобивка што треба да се искористи до максимум, истакна премиерот.
Заедно со Груевски, денеска на бизнис-форумот учествуваше ивицепремиерот и министер за финансии, ЗОран Ставревски, кој истакна дека клучно е прашањето како македонските компании подобро да се интегрираат во ланецот странски фирми, како макроекономските ефекти да се преточат на микро ниво, во зголемување на додадената вредност од присуството на странските вложувања. Тој воедно посочи иуспешни примери од досегашната соработна на македонски со компании од странство.
- Белгиската компанија „Ван Хул“ за изработка на своите автобуси користи делови и материјали произведени во Македонија, посочи министерот.
Предвидувањата се дека до 2015 година бројот на вработени во странските фирми кои работат во слободните зони, од сегашните 6.500 ќе се удвои и ќе достигне околу 13.000.
Вицепремиерот Владимир Пешевски повика, соработката на домашните и странските компании наместо споредна, да стане една од клучните сегменти. Домашните фирми да ги воведат технологиите, менаџирањето, истражувањето и развојот на бараното ниво.
- Тоа веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, нагласи Пешевски.
На средбата присуствуваше и министерот за економија, Ваљон Сарачини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа