Александра Брковиќ: Би сакала сама да си изберам песна!

Натпреаврувачката на Икс Фактор  Александра Брковиќ откри некои детали околу подготовките за натамошните изданија на популарното музичко шоу. 

Исто така таа се изјасни дека голема желба и е да самата си ги одбира песните со кои ќе настапува.

- Мислам дека многу ќе биде подобро ако имам можност самата да си ја одберам песната во која најдобро се чувствувам како интерпертатор, бидејќи само така на публиката ќе и пренесам искрена емоција. Жал ми е што ја немаме таа можност, иако Кики ми кажа дека во некоја од наредните емисии ќе можам да отпеам и некоја авторска песна, што многу ме израдува. Се надевам дека тоа ќе се случи, изјави Александра.

17.02.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа