"Сакав да им го разубавам денот" - маж скокна во кафез со лавови
Чуварите на Зоолошката градина во Пекинг останале шокирани кога млад Кинез скокнал во кафезот каде се чуваат лавови.
27-годишниот Кинез Јанг Јинхаи неколку пати на социјалните мрежи објавил дека е среќен бидејќи добил нова работа, но изгледа и таа му здосадила, па бил депримиран и не знаел што да прави со себе и животот. При една посета во Зоолошката градина, напишал дека се чуствува депресивно кога ќе ги погледне величенствените лавови кои во кафезот не можат да живеат нормално и да го следат својот природен инстинкт- да убиваат! Тогаш се решил да си го жртвува животот за да им го разубави денот.
- Се качи на оградата и скокна. Лавовите се исплашија, женката побегна. Кога се обиде да излезе лавот гофати, го изгреба и гризна, велат чуварите.
Семејството на 27-годишното момче раскажало дека долго време бил во депресија, но дека не очекувале дека ќе направи вакво нешто со што бо си го загрозил животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа