Здравко Чолиќ ја започнува балканската турнеја во Македонија - најавува спектакуларен концерт во Скопје
Легендарниот Здравко Чолиќ подготвува спектакуларен концерт во СКопје. 31-ви мај е датумот резервиран од Гуливер, за концертот на кој се израдува македонаката публика од сите генерации.
Чола ја започнува големата Балканска турнеја токму во Македонија, што уште еднаш ги потврдува неговите симпатии кон македонската публика.
Пред сите љубители на неговата музика, Чола на 31 мај ќе ги отпее песните од новиот албум “Ватра и барут”. Се работи за 14 нови песни зад кои се потпишуваат Момчило Бајагиќ - Бајага, Марина Туцаковиќ, како и самиот Чола
Албумот во продажба беше пуштен пред крајот на минатта година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа