Студент падна во кома - јадел колачиња со марихуана
Еден студент паднал во кома, а други десет се наоѓаат во лоша здравствена состојба откако изеле роденденски колач со марихуана.
Како што јавуваат светските медиуми, деканот на факултетот во кој учат студентите, Хосе Домингез де Посада, вели дека се работи за млади лица на возраст од 18 до 22 години, кои студираат ветерина, кои за време на роденденска забава се решиле да изедат колач со марихуана.
Откако го изеле колачот почуствувале силни болки во стомакот, а за жал еден од нив паднал во кома.
17.02.2014 - 11:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа