Викендов пајакот направи парче низ скопските улици

Викендов пајакот повторно направи парче низ скопските улици. Во текот на изминатиов викенд со помош на специјалното возило биле отстранети 128 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Исто така, полицијата којапостојано демне, открила и санкционирала 120 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што се исклучени од сообраќај, 46 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 16 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница. Се случиле 29 сообраќајни незгоди во кои има 16 повредени лица.

За денеска има најавено вонреден настан. Со почеток во 18 часот ќе се одржи културно-забавна програма на плоштадот „Скендербег“ во организација на општина Чаир по повод независноста на Република Косово. Од овие причини од страна на сообраќајната полиција ќе бидат поставени служби, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен од булеварот „Гоце Делчев“ по останатите сообраќајници.

17.02.2014 - 09:39
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега