Се реконструира улицата „Иван Хаџиниколов 2” во село Драчево

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ , денеска во село Драчево го означија почетокот на комплетната реконструкција на улицата „Иван Хаџиниколов 2” (поранешна „Ратко Митровиќ 2”) и на уште два крака, во вкупна должина од 870 метри.

Улицата која се планира да биде завршена за четири месеци, секојдневно ќе ја користат 950 жители, но и сите останати граѓани од ова подрачје бидејќи истата е продолжение на постоечката главна улица која транзитира кон населба Драчево.

Изведувач на градежните работите е „Пелагонија АД Гостивар”.

16.02.2014 - 15:16
Фото: 
билд

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега