Градоначалниците на Скопје седнаа на иста маса - прва седница на Координативното тело

 

Денеска се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја искористи можноста да им го честита добиениот мандат на градоначалниците, посакувајќи им успешна работа во наредните четири години. Трајановски изрази надеж дека ова тело ќе продолжи со успешната работа како и во минатите четири години и дека ќе биде тело каде сите градоначалници ќе работат за решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите на Скопје. 

 На денешната седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје се говореше за повеќе прашања, како што се данокот за имот, состојбата со времените објекти и урбаната опрема со градот и друго.

 На седницата Трајановски најави дека во месец јуни повторно ќе се одржи циклус на посети на сите општини кадешто тој, придружуван до раководни лица на градската администрација и јавните претпријатија ќе остварат непосредни средби со претставници на урбаните и месните заедници во Скопје. Овие средби, според Трајановски дале позитивни резултати во оцената и подобрувањето на работењето на градската администрација и јавните претпријатија на Градот Скопје и истите ќе продолжат и во иднина,

најчитано сега