Како да станеш влијателен твитерџија за 10 дена

 

Четврток ти е пола петок. Сите се благо еуфорични и проаѓа речиси све.

Од сабајле ќе се потрудиме да лапнеме некој следач од овие што се бафтаат со политика. Слабо ретвитаат нешто што не е политика, ама затоа се најлојални ретвитачи на секој твит против власта и тоа не е мала работа. 

Отвори ги порталите, уствари отвори било кој од порталите. Не мора ни да ги читаш вестите, насловите сами по себе се инспиративни. Сега присети се на Слободан од општински комитет на СДСМ и размисли што би кажал дури пие пиво пред дуќан и чита гага весници. 

Абе Грујо бе, бродот потона, ти веслата ќе ги спасуваш.

Браво! Само, Грујо на твитер е #Ж, и затоа потруди се да не го пишуваш името премиерово залудно. Не смееш да се издадеш дека си тазе и неупатен. На секој трет твит за #Ж, иде еден твит за Гордана, и тоа ти е исто загарантиран ретвит у секое време. 

Е сега, на новиве следачи не им се радувај многу, зашто ако не твитнеш 3 дена ништо за политика си одат. До следниот таков твит. Ама сега билдаме цифра и секој нов следач ни е битен. 

Целиот пост на Дарјан Раденковиќ прочитајте го тука

 

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст чистателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

најчитано сега