Докторот од онкологија суспендиран - му се заканува одземање на лиценцата

 

Клиниката за онкологија и радиотерапија покрена дисциплинска постапка против професорот кој при инспекцискиот надзор беше затекнат во вршење дополнителна дејност спротивно на Законот, информираат о Министерството за здравство.
 
Врз основа на покренатата дисциплинска постапка донесена е одлука за негово времено отстранување од работа во Клиниката.
 
Упатено е и известување до Лекарската комора на Македонија да поведе постапка за времено одземање на лиценцата за работа на професорот. 

најчитано сега