Наташа Беквалац веќе има ново момче?
Неколку денови откако ја раскина веридбата со манекенот Влада Вуксановиќ, Наташа Беквалац веќе има ново момче! Како што пишуваат српските медиуми, барбиката неколкупати тајно се сретнала со поранешното момче, бизнисменот Миодраг Костиќ.
Според извор близок до парот, Наташа и Миодраг биле среќни заедно и не го тргале погледот еден од друг. Заедно поминале неколку часа, па секој си тргнал по својот пат.
Изворот додава дека иако раскинале пред 10 години, ова не е прв пат тајно да се состануваат.
15.02.2014 - 13:42
Фото:
курир.рс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа