Фитнес центар забрани сликање „селфи“ фотографии

 

Со цел  да ги заштити недолжните луѓе што ги користат гардеробите за пресоблекување, а не за сликање, фитнес центарот „Фрискис и Светис“ забрани фотографирање „селфи“ во своите простории.

Денес повеќе не се оди на вежбање ако не планирате да направите самослик, барем еден како вежбате и уште еден како му се восхитувате на своето тело. Во последно време е особено популарно луѓето да се фотографираат во гардеробите, па на сликите може да се најдат и недолжни набљудувачи - вели Лота Тернберг, одговорна за односи со јавноста „Фрискис и Светис“.

Шансата да сликате некого некој што се пресоблекува или полугол истрчува од туш-кабината, е голема.

- Можеби некој е гол или полугол. Дури и додека вежба, можеби е во издание во кое не сака да биде сликан - вели Тернберг.

15.02.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега