Сопственичка на туристичка агенција од Скопје крадела пари од платежни картички на странски државјани

 

Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанка која си се богатела со туѓа платежна картичка.

Според податоците од полицијата, се работи за 34-годишната Б.М. од Скопје која е сопственик на туристичката агенција “НОА Травел“, со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, преку гласовна авторизација во две домашни банки извршила повеќе нелегални трансакции од кои  2 успешни, со што нелегално се стекнала со парични средства во вкупен износ од 402.187 денари. Пријавената имала склучено договор со банките за реализација на трансакции без физичко присуство на платежна картичка, односно со гласовна авторизација, а со намена за резервација на хотелски престој и авио билети на туристи.

Б.М. по претходен договор со странски државјанин, на е-маил адреса на нејзината туристичка агенција добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во двете домашни банки извршила нелегални трансакции на име на странскиот државјанин за „наводна резервација“ за хотелски престој и авио билети за престој на бизнис група од Велика Британија.

Од страна на странските банки издавачи на картичките е доставено известување до домашните банки, за злоупотреба на реализираните трансакции, по што истите ја известиле пријавената дека се работи за спорни трансакции. И покрај известувањето од банките дека станува збор за злоупотребени податоци од платежни картички, пријавената ги подигнала паричните средства од нелегалните трансакции. Дел од нелегално стакнатите парични средстава пријавената ги задржала за себе по основ на „наводните резервации“, а дел од парите, по претходен договор со лицето-странски државјанин, преку банкарски трансфер ги префрлила на странска сметка за наводни резервации за авио билети.

15.02.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега