Прегазиле бремена жена на паркинг - нова трагедија го потресе светот
Трагедија ја потресе Америка. Чистач на снег среде паркинг прегазил Американка која е во осмиот месец од бременоста.
Според податоците на светските медиуми, се работи за 36-годишната Мин Лин која пред паркинг на супермаркет во Њујорк, додека во својот автомобил заедно со сопругот, ги ставала купените производи од маркетот, ја удрило возило за чистење снег „бобкет“, и за жал ја усмртило на местото на настанот. Единствена светла точка во оваа приказна е тоа што лекарите успеале со царски рез да го извадат и спасат бебето од стомакот на Американката.
Лин е 21 жртва на снежното невреме што неколку дена ја зафати Америка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа