Средношколците со симптоми на труење се во стабилна здравствена состојба
Учениците и професорите од средното економско училиште од Гостивар кои вчеравечер со симтомпи на труење од гас беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје се во стабилна здравствена состојба.
- Имаме одредени резултати кои кај сите се апсолутно во граница на референтни вредности или негативни, чекаме уште резултат од токсиколошките анализи и затоа не можеме одговорно да им кажеме да си одат дома. Но во меѓувреме, пациентите самите си заминуваат на потпис. Шесте што останаа се, исто така, во добра состојба и се нестрпливи да си одат, изјави утрово за МИА д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.
Пациентите вчера се пожалиле на симптоми на труење од гас, печење во очите, гребење во грлото и проблеми со дишењето.
- Ќе оставиме прво да ги видиме токсиколошките анализи, што е во наш домен, а другото им го оставаме на другите институции да си проверат за што се работи. За нас е најважно пациентите да се добри, да немаме влошување и животно загрозени, рече д-р Чибишев.
Пациентите вчера ги посети и премиерот Никола Груевски. Осум од 14 ја напуштиле Клиниката во текот на ноќта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа