Меркел ја прифати оставката на министерот за земјоделство

 

Германскиот канцелар Ангела Меркел се заблагодари на работата на министерот за земјоделство Ханс Петер-Фридрих, кој денеска поднесе оставка на министерската функција поради аферата на осомничениот педофил Себастијам Едати, до неодамна пратеник во Бундестагот.

Фридрих се товари дека во октомври минатата година, како министер за внатрешни работи, го запознал водството на Социјалдемократската партија со истрагата против Едати, што, како што се оценува, би можело да влијае на текот на истрагата и дека осомничениот во меѓувреме ги отстранил трагите врзани за педофилија.

Фридрих истакна дека политичкиот притисок бил преголем, но дека тој и сега, како и порано, верува во политичка и правна коректност на своите постапки.

Оставка од Фридрих побараа и опозициските партии Левица и Зелените, но и либералите на поранешниот шеф на германската дипломатија Гидо Вестервеле, кои сега се вонпарламентарна партија.

14.02.2014 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега