Вардарскиот плански регион ќе ги одбележува патеките за планинарење
Проектот за Промоција и заштита и развивање на природните туристички потенцијали во Вардарскиот планински регион, а преку убедување и одбележување на патеки за планинарење“ е во подготовка од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Истиот се реализира во последните два месеци, и се уште е во тек, а е одобрен од Советот на Вардарскиот плански регион како приоритет и истиот е аплициран до Министерството за локална самоуправа.
Биро за регионален развој за кој се одобрени средства во висина од 287.330 денари, рече на денешната прес-конференција Татјана Темелковска од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес.
Таа посочи дека целта е да се потенцира природното богатство со кое располага Вардарскиот регион, атракциите за планинарење, како и нивно искористување во научно – истражувачка, студиско – воспитна и еколошка цел.
Во моментов постојат 10 утврдени планинарски патеки во должина од 139 километри во регионот кои ги користат девет планинарски друштва со околу 1.500 членови, 13 планинарски домови, манастирски комплекси и други сместувачки капацитети со околу 390 легла, плус комплексот Кожув. Проектот има за цел да го зголеми бројот на посетители.
Со реализацијата на овој проект ќе се уреди, одбележи и ќе се постави сигналитика и урбана опрема на седумте најатрактивни патеки, а тука спаѓа патеката за пристигнување до планинарскиот дом Чеплес, патеката од Планинарскиот дом Чеплес до врвот на планината Јакупица – Солунска глава, патеката до изворите на реката Бабуна, патеката до планинарскиот дом Ораов дол, кружна патека од Демир Капија преку римскиот локалитет Рамниште, до врвот Горни Краставец, потоа до пештерата Горни Змејовец и назад до Д. Капија, кружна патека околу левата страна на кањонот Демир Капија и патеката од Општина Неготино до највисокиот врв на Кожуф, Зелен брег, потоа патеката се спушта на скијачкиот комплекс и завршува повторно до планинарскиот објект Драгаја.
- Сите овие патеки ќе се уредат и маркираат, така што ќе пружат задоволство и безбедност при пешачењето, рече Темелковска.
Инаку сигналитиката се состои од дрвени патокази и показни табли, со машински издлабени натписи и соодветна заштита, со цел на корисниците да им пружи имформации за насоката на движење, оддалеченоста од крајната дестинација и запознавање со основните податоци за природната убавина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа