ДКСК: Ги следиме сите информации што излегуваат во јавноста во врска со претстојните избори
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека ги следи сите информации што излегуваат во јавноста и се од делокругот на нејзиното работење а се однесуваат на изборниот процес за претстојните претседателски избори.
Од антикорупциска наведуваат дека до неа во изминатиот период, а особено од почетокот на изборниот процес од некои политички субјекти и поединци се упатуваат неосновани критики за нејзиното работење.
-По сите наводи се постапува според законските надлежности на ДКСК, односно се прибираат податоци и информации за нивна проверка и следат заклучоци за преземање на соодветни дејствија во согласност со Законот за спречување на корупцијата, Законот за спречување судир на интереси и Изборниот законик, се наведува во соопштението од Комисијата. Притоа, како што се посочува, доколку ДКСК утврди повреда на нормите на Изборниот законик со неговите измени и дополнувања ќе постапи во рамките на своите законски надлежности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа