Поради парламентарните избори Еди Рама ја одложи посетата на Белград

Албанскиот премиер Еди Рама ја одложи посетата на Белград, што беше најавена за февруари.

Февруарската посета се одлага заради парламентарните избори што ќе се оддржат во  Србија, пренесоа албанските медиуми од кабинетот на Рама.

Можноста за  доаѓање на Рама во Белград неодамна ја најави министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ, кој изјави дека тоа најверојатно ќе се случи во февруари, но доддаде и дека не е договорен точниот датум на посетата.

Ова ќе беше  прва посета на еден претседател на албанска Влада уште од 1946 година, кога во Белград престојуваше Енвер Хоџа.

14.02.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа