Продолжува собирањето потписи за отповикување на Владата на Тачи

Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа и Самоопеделување на Албин Курти, како и дел од независните пратеници во косовскиот Парламент се приклучија кон иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за собирање на 61 потпис од пратениците, колку што е потребно за отповикување на Владата на Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

“ Ние го почнавме собирањето потписи и чекаме поддршка од сите оние пратеници, кои сметаат дека треба да бараат отповикување на Владата на Тачи”, изјави пратеничката од Алијансата за иднината на Косово, Доника Бујупи.

За оставка на Владата потребни се 61 потпис на пратениците во Собранието и доколку се соберат тие потписи, косовската претседателка, според Уставот ќе мора во рок од максимум 45 дена да распише избори.

14.02.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега