ДИК продолжува со подготовките за претседателските избори
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е финансискиот план за распределба на средства за избор за претседател на Република Македонија, како и Предлог годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2014 година на ДИК по програма 21 – изборни активности со Предлог одлука за негово усвојување.
На седницата ќе биде разгедан и Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, Предлог одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори, на општинските изборни комисии и изборната комисија на Градот Скопје, како и Предлог програмата за задолжителна едукација на изборните органи за спроведување на изборите за Претседател на РМ 2014 год.
На дневен ред е и Барањето за акредитација на набљудувачот - Граѓанската асоцијација - МОСТ на изборите за Претседател на РМ, Предлог-одлука за утврдување на изгледот на интернет страницата на ДИК, Предлог-одлука за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на изборите за Претседател на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа