Деветмина повредени во десет сообраќајки - се пролеа крв на скопските улици
Во текот на изминатите 24 часа, на подрачјето на Град Скопје се случиле десет сообраќајни незгоди. Во една од сообраќајките, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во четири сообраќајќи имало осум лица со полесни повреди, а останатите пет сообраќајни незгоди се со материјална штета.
Се случиле уште девет незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција уловила и казнила четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол. 11 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, четворица не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи непрописно ги паркирале возилата на автобуските стојалишта, а 14 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон додека возеле.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера биле отстранети 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно-воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во основното училиште „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.
За денеска нема вонредни настани, додека за време на викендот најавени се вонредни настани, но не се очекува тие да влијаат врз нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа