Љубе Бошкоски повторно напиша писмо од келијата во Идризoво - еве што пишува во него
На помалку од 2 месеци пред стартот на претседателските и се поизвесните предвремени парламентарни избори, Љубе Бошкоски се реши повторно да напише писмо од затворот во ИДризово каде одлежува казна за помагање во случајот со убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев како и за залоупотреба на средства во предизборна кампња.
Тој преку порталот А1 он испраќа порака дека е време „да се крене главата“
„Силно извикуваме: ВРЕМЕ Е…!
…да ја кренеме главата гордо и високо; да ги оставиме нив во нивниот имагинарен свет; да го кренеме гласот и да не запреме!
Време е да го напуштиме наметнатиот од нив страв со максима дека „Молчењето е „богатство“!
Но, се прашуваме: Колку ли само ќе беше богата Македонија која осум години молчи? Ако беше молчењето богатство или злато, нашата татковина ќе беше поплочена со овој благороден метал! А каде е денес Македонија?
Време е да го вратиме загрозениот човечки идентитет за да ја сочуваме македонската национална, културна и каква и да е друга самобитност…
Време е да се бориме до последниот збор за зборот, како што пишува во Стариот Завет: …на почетокот беше зборот! Да не занемуваме пред догмите режимски!
Време е, навистина крајно време е да ги растајниме сите тајни за злоделата кои ги направија против граѓаните, против вистинските вмровци, показувајќи ја светоста на ВМРО; да растајниме се’ што ја протона Македонија и вистината да ги замени лагата, а демократијата – инквизицијата!“ - стои в писмото кое Бошкоски го напишал од келијата во Идризиово.
Последното писмо Бошковски го напиша во декември минатата година. Прочитајте го тука
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа