Пет откази во Катастар по пропустот за земјиштето кај НБРМ

Пет откази во Агенцијата за Катастар по направениот пропуст со земјиштето кај НБРМ, информира денеска оваа институција.

- „По спроведената дисциплинска постапка,  согласно Законот за државните службеници, Дисциплинската комисија утврди дека петте државни службеници сториле дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање на неточни податоци на државните органи, со што  е предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.

Поради  тоа, согласно член 68 став (2) од Законот за државните службеници изречена  е дисциплинска мерка – престанок на вработувањето“ - информираат од Агенцијата

Проблемот со земјиштеот кај НБРМ кое беше продадено по цена од 71 денар по метар квадратен настана откако на истата парцела се појавија приватни сопственици. Министерството за транспорт и врски експресно го раскина договорот.

13.02.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега