Форбс: Македонија 6-та држава по монетарна слобода

 

 

Сопственикот и издавач на американското најпознато списание за економија „Форбс“, оцени дека Македонија е шеста држава по монетарна слобода. Како што јавува МРТ, Стив Форбс оценува и дека оценува и дека Македонија е на 16-то по заштитата на инвестициите и 46-та по трговската слобода, а според него се забележува и зголемување на иновациите во Македонија, што е добар сигнал дека државата економски напредува.

- „Можете да имате монети ако сакате, но со стандардот со злато значи дека имате мерка за вредноста на парите. Тогаш познати се вредностите и на стоките што ги купувате. Нема да морате да се грижите за промената на вредноста“, изјави Стив Форбс.

 Според него, ниту Сенатот и Конгресот во САД ниту Европскиот Парламент нема да прифатат враќање на вредностите на валутите како пред 1971-та, кога речиси сите валути во светот биле вреднувани по унци злато. Во светот се уште 160 држави користат ваков начин на вреднување на валутите, а најуспешна приказна е Велика Британија чија фунта е гарантирана со злато и е стабилна повеќе од 200 години. Се додека нема монетарна стабилност во светот, оценува Форбс и американските компании нема да се впуштаат во нови инвестиции, јави МРТ.

13.02.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега