Илма Карахмет: Пред Икс-Фактор не знаев кој е Кики Лесендриќ

Финалистката на Икс-Фактор, Илма Карахмет, која секој нареден пат не изненадува уште повеќе со фантастичниот глас и своите изведби, призна дека пред да биде дел од музичкото шоу не знаела кој е нејзиниот сегашен ментор, Кики Лесендриќ.

- Искрено пред Икс-Фактор немав слушнато за Кики, но морам да признаам сега му ги слушам сите песни, одлични се, вели Илма за време на гостувањето во емисијата на Огнен Амиџиќ.

За разлика од неа, другите натпреварувачки на Кики добро знаат кој е тој и ги знаат сите негови песни.

 

13.02.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега